545
Во вечерашниот дуел на Канал 5, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова ги повика граѓаните да гласаат за личност и рече дека таа е роден реформатор и се што допрела реформирала. Дополни дека така ќе биде и овојпат.
Што се однесува до Договорот од Преспа рече дека таа има право на самоопределување.
Во Уставот оваа држава е наречена Република Северна Македонија. За мене беше и ќе остане Република Македонија. Може да стои на актите, на законите, може да стои и пред мене кадешто ќе седам, јас нема да кршам, но имам право на самоопределување. рече Силјановска.