Пратеничката Гордана Силјановска -Давкова денеска побара од спикерот Талат Џафери да биде неутрален, односно го учеше кога може, а кога не треба да зборува во парламентот. Според неа, тој треба да молчи, а не да коментира по обраќањата на пратениците.
Таа исто така инсистираше дека на Собранието не му се потребни пет потпретседатели и дека очекувала, наспроти досегашната пракса да има по тројца, сега да биле избрани само двајца, заради штедење.
„Во време на Ковид криза, во време кога сите ги рационализираат статусите, обврските, ние остануваме на пет потпретседатели. Очекував да ги намалите на двајца. Зошто тврдам дека во компаративното парламентарното право според бројот на пратениците ние имаме најголем број на потпретседатели. Ако може швајцарскиот Совет да има двајца потпретседатели, прв и втор, не ми е јасно чуму ни се нам пет“, запраша Силјановска Давкова.