Пратеничката Гордана Силјановска го искара претседателот Талат Џафери, дека доцнел на собраниската седница.
– Никогаш не сте дошле на време. Доцневте речиси еден час, а вие треба да стигнате прв и да не соберете околу себе, рече Силјановска.
Таа посочи дека и пратениците имаат право на викенд и право на одмор.
Џафери и врати дека тој дошол предвреме, а доцнењето е поради координација на пратеничките групи.
-Дојден сум во 15 минути до 9 часот. Не може и да очекувате јас да дојдам прв, па да ги чекам пратениците, и врати Џафери.
Тој и реплицираше и за реакцијата зошто седницата била свикана во сабота.
-Не сум вреќа да удирате по мене. Јас не сум го пишал Уставот. Во рок од 15 дена треба да се свика седницата, рече Џафери, објаснувајќи ја итноста на седницата.