542
Гордана Силјановска во вечерашната дебата на ТВ 24 одговарајќи му на Изет Меџити од ДУИ рече дека ако се погледне правичната застапеност во институциите каде што директори се Албанци, ќе се види дека таа воопшто не се почитува.
-Еве да направиме една анализа. Таму каде што директори или министри се Албанци, таму па воопшто не се почитува правичната застапеност. Во Пошта, во министерства и слично има 65 отсто Албанци. Ги има бројките. И тоа на ништо не личи, рече Силјановска.
Ова тврдење Меџити не го негираше и рече: дајте ни премиер Албанец, па ќе направиме проверка.