Во комисијата за антиевропски прашања бев сведок на убиство на правото и правдата. Може ли да замислите да се смени Kривичен законик за неколку часа? Јас не можев да го замислев до ден денеска. Што се случи? Чинам дека како да одиме во чекор со криминалот и корупцијата или ако сакате, денеска измените на законот беа токму можеби и побрзи од корупцијата и криминалот поточно обезбедија нејзина заштита. Држава која важи за држава со најспора правда речи недостижна, има најбрза постапка згора именувана како експертска“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.
Таа додаде дека во законот се кажува дека се работи на нов Kривичен законик, врз основа на нов концепт за да се фокусира и инкорпорира со меѓународните и ЕУ стандарди.
-Во законот уште пишува дека процесот е обемен и сложен и постапката ќе трае долго. Долго трае која постапка, само редовната постапка. Меѓутоа денеска ниту имаше редовна постапка, ниту имаше судии, професори, адвокати, отсуствуваше јавноста, зошто? Bидејќи еве што си напишале во законот. Се вели дека во меѓувреме значи додека комисијата вредно работи на Kривичниот законик, во меѓувреме се појавиле одредени ургентни прашања за кои е целисходно да бидат регулирани за пократок период. Целисходност причина, а не владеење на право, заштита на право, правда и етика, кажа Силјановска Давкова.
Таа не верува дека некој ќе смее да гласа за еден ваков закон, бидејќи ова е крај на правото и правдата, ова е нешто што не го сонувала, а денеска се случува.
-Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека може за три саати да се донесе закон. Им се извинувам на граѓаните ако нешто повторувам од комисијата, ама пред еден час заврши, побрзи од ветар сте во одбраната на корупцијата и криминалот, потенцираше Силјановска Давкова.