Силјановска Давкова рече дека Трајко Славески не бил нејзин избор за гувернер на Народна банка

by Fokus

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во врска со изборот на новиот гувернер на Народната банка рече дека одлуката ја донела по внимателна анализа на стручноста, интегритетот и кредибилитетот на кандидатите, а не врз основа на политичка припадност или лични преференции.

„Не прифаќам генерални квалификации. Да, преферирам жени, тоа го повторувам, и имав и свој кандидат и кандидатка. Но, мора да бидеме реални – не е доволно само да предложите некого, ако тој кандидат нема да помине на гласање“, рече Силјановска Давкова, алудирајќи на потребата од политички договор во Собранието.

„Не е фер да се дискредитира професорот Славевски. Станува збор за светски признаен експерт, за кого не постојат афери, ниту криминал. И порано сме имале гувернери кои биле политички активни – како Петар Гошев, па тоа не било пречка“, рече таа.

Претседателката упати и критика кон дел од јавноста која, според неа, го напаѓа секој избор од политички или лични причини. „Постои една група луѓе која мисли дека сите други се неспособни – сè знаат, сите ги критикуваат. Тоа не го разбирам“, рече таа.

Поврзани новости