Јакимовски: Пари имаме, ама од Владата не даваат да вработиме воспитувачки во градинките

by Fokus

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски рече дека Владата веќе 11 месеци не давала одобрение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките што се во надлежност на Општината, иако се соочуваат со недостаток на персонал. Владата не дава дозволи за нови вработувања, и покрај тоа што средствата за нив се веќе предвидени во буџетот, вели тој.

– Соочени сме со тоа од две градинки да правиме една бидејќи немаме персонал, затоа што Владата и по една година не најде решение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки. Ова значи дека ние доколку сакаме да платиме негувателки или воспитувачки или доколку родителите сакаат да платат, не можат да работат бидејќи немаат лиценца, а тоа Владата, еве, веќе 11 месеци го нема решено – истакна Јакимовски

Тој истакна дека изминатата година од градинката „Орце Николов“ во пензија се заминати осум негувателки, од градинката „Распеана младост“ – шест, додека од „Пролет“ – пет негувателки.

– Соочени сме со тоа од две градинки да правиме една бидејќи немаме персонал, затоа што Владата и по една година не најде решение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки. Ова значи дека ние доколку сакаме да платиме негувателки или воспитувачки или доколку родителите сакаат да платат, не можат да работат бидејќи немаат лиценца,– истакна Јакимовски.

Поврзани новости