Кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова излезе со свој коментар на социјалната мрежа X, по повод отсуството на противкандидатот Стево Пендаровски на денешната тв-дебата на Македонската телевизија.
„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.
Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.
Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.
Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“ пишува Силјановска Давкова.
Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.
Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови. pic.twitter.com/92RjecriRS— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) May 2, 2024