Силјановска Давкова: Отворањето на Уставот е наметнато, затоа нема консензус

by Fokus

Професор Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на тв24 рече дека „ако за уставни измени е потребно двотретинско мнозинство, прво треба да се испита дали го има истото, бидејќи тој основен консензус е многу важен за да влезете во таква игра“.

„Непристојно, неполитички, ненаучно е да се влезе во уставни измени, па во текот на расправата ќе се трага по две третинско мнозинство. Тоа не оди така. Уставот е своевидна општествена повелба и консензусот е многу важен“, рече таа.

Силјановска се осврна и на моментот зошто не би влегла во работна група за уставни измени, вака како што е сега замислена.

„Прво, не мислам дека вакви големи групи се измени за гаранција, а нема консензус, а како се проверува се знае. Треба да се поднесе предлог за измени и да видите дали има основен консензус и нема да го има сега зошто сериозни пратеници не би влегле во ова, тие стојат зад својот збор. Второ, зошто воопшто не влегуваат, зошто чуден им е начинот на формирање на оваа комисија. Сите устави ги скицирале, а кај нас не оди така, ниту во 1991 не ја подготвувале професори по уставно право“, рече Силјановска.

Ова што се прави тука, рече професорката, е инструментализација бидејќи власта решила како треба да се смени Уставот.

„Со вакви измени не правиме ништо. Ова е само инструментализација. Се треба да се гледа системски“, рече Силјановска Давкова.

Според неа, секое отворање на Уставот кај нас е отворање на Пандорина кутија.

Поврзани новости