63
„Во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни ако сме построени и уредени според Копенхашките критериуми. Ако имаме независното судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се `фабрики за хартија`, па имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија“.
Ова меѓудругото го изјави вечерва во гостување на тв Телма Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, истовремено менувајќи ги работите и европеизирајќи се, ние ќе наидеме на подобар однос и подобар одговор. Таа смета дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување на Копенхашките критериуми“.