Силјановска Давкова: Мицкоски во ниту еден момент не ја навреди Арсовска!

by Fokus

Гордана Силјановска-Давкова во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 говореше за односот на релација Христијан Мицкоски – Данела Арсовска. Како што истакна таа, доаѓа времето кога жените се повеќе ќе бидат присутни на македонската политичка сцена.

„Лидерот Христијан Мицкоски во ниту еден момент не ја навреди Арсовска. Мислам дека доаѓа времето на жените, а целите овие напади меѓусебни се типичен случај на тој машки, мачо свет“, истакна Давкова.

 

Поврзани новости