Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во својот говор од Собранието кажа дека екс премиерот и претседател на СДСМ – Димитар Ковачевски, телефонски ѝ честитал за победата. Таа кажа дека тие разговарале, па вети дека нема да прави никакви поделби од функцијата која ќе ја извршува.
„Сакам да го споменам и Ковачевски, и тој се одважи да ми се јави, а не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа. Туку да поразговараме. Затоа мислам дека со нас жените, ќе се менувате и вие мажите политичари и Македонија ќе стане едно пристојно место за соживот на сите. Искористете го умот, искореистете го и не заборавајте ги. Така ќе ги охрабриме и оние надвор“ – додаде Силјановска-Давкова.
Рече и „Кога ве гледам вака, знам дека има шанса за сите нас. Исто како што имаше шанса кога многу пратенички од СДСМ ми пријдоа да ми честитаат“.