461
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на денешната седница во Собранието упати силни критики кон премиерот на државава, Димитар Ковачевски.
Таа го нарече слаб премиер и „брокер“ со кршлива, конфузна и неука коалициона Влада.
„ Зошто сметам дека вашиот статус како премиер е слаб. Прво не велам дека е тоа од лични причини, меѓутоа вие не потсетувате нас кој ни е професија политичкиот систем на италијанскиот профил на премиер. Италијанските Влади се слаби, а премиерите најчесто личат на „Брокери“. Што значи дека вие премиере сте „Брокер“ во слаба кршлива, конфузна и неука коалициона Влада со ретки исклучоци. Иако имаме слаб премиер на чело на егзекутивата, всушност што се случува?“, рече Силјановска Давкова.