Силјановска-Давкова: Кои се седнатите на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар?

by fokus

Колку претседатели сте виделе, колку премиери сте виделе, колку министри за внатрешни работи сте виделе седнати на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти?, праша кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

-Ги нема сликите низ весниците кои се најдобар доказ, бидејќи сликите понекогаш повеќе кажуваат од зборовите, за тоа кој е кој во ова корупциско и криминално гнездо. Може да се сликате со некого на улица, ама на софра да бидете тоа значи дека сте во спрега. Значи, во право е претседалот на ВМРО-ДМПНЕ кога вели дека, не само со чинење, не само со криминлани активности, туку и со замижување пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник во нив!, рече таа.

Поврзани новости