71
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ќе го има првиот официјален настан откако ја презеде функцијата.
Таа во 14:00 часот ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје, информираат од нејзиниот кабинет.
Силјановска Давкова вчера пред пратениците даде свечена заклетва при што не го кажа новото уставно име на државата, туку старото – Македонија, со што предизвика остри реакции во јавноста, од политичарите, професорите, но и од Грција и Бугарија. Со реакција се јавија грчкиот премиер Кирјакос Мицоатик и бугарскиот претседател Румен Радев.