Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
По средбата со Папата Франциск, новата претседателка за медиумите изјави дека нема да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
– Изразивме спремност, но нема да дојде до таа средба. Обете делегации имаме агенда, а рековме дека час поскоро во првиот момент таа ќе ја реализираме. Само што излегов од кај Папата, дознав дека средба нема да има. Но, останува спремноста да се видиме,порача таа.
Ова е нејзина прва официјална посета во странство по победата на претседателските избори на 8 мај. Таа ќе има аудиенција кај папата Франциск и како што налага традицијата, по претставувањето, претседателката и папата меѓусебно ќе разменат подароци.