Гордана Силјановска Давкова – кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за претседател на Македонија во емисијата Аргумент плус на ТВ24 истакна дека во Рамковниот договор не случајно стои 20% и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик.
– Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. Не случајно е одбрано 20% и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од Меѓунардоната заедница. Во другите земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазици на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение и Уставот не треба да се менува“ – вели Силјановска Давкова.
Таа рече дека се смешни обвинувањата дека потписите кои беа собрани за енјзината кандидатура од граѓаните биле дупли или се фалсификувани.
– Поднесувањето на потписите, јас не сум вештак, ниту суд и самата учествував во тоа. Тоа беше на формулари за кои треба да дадете број на лична карта и да ги пополните. Не се консултираа со мене кога ги поднесоа пратеничките потписи. Ако потписите беа причините за поднесување на кандидатура, како тоа кабинетот на претседателот секој ден дава изјави, иако Изборниот законик го забранува тоа? Кампањата некои партии ја почнаа предвреме, бидејќи за кампања се смета и истакнување на плакати. Само ДИК може да реагира за ова. Во однос на кампањата, Мицкоски не ми ја `киднапираше`, и во минатите кампањи тој учествуваше во поддршката – вели професорката.