437
Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова како политички маневар ги оцени понудените оставки на министрите на ДУИ. Како што рече при гостувањето на телевизија Канал 5, Уставот е јасен и секој министер може да поднесе оставка, преку премиерот истата се доставува до претседателот на Собранието, а тој веднаш ја доставува до пратениците и на следната седница оставката се констатира.
Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија.
-Преговорите во рамки на тн. историска комисија се непресушен извор на барања, истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или недоговореното. Значи господар на прстените е Бугарија, кажа Силјановска.