403
Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Гостивар го критикуваше концептот на власта „Едно општество за сите“, бидејќи според неа, им биле важни само Албанците и Македонците.
-Тие велат дека во едно општество на сите граѓани сите етнички заеднии требало да бидат еднакви и рамноправни, но тоа не е точна теза. Ова општество е мултиетничко, нивното општество е еден опасен феномен на бинационална држава. Ако во тој концепт важни се само македонците и албанците, а што станува со останатите заедници. Ваквиот концепт води кон поделби, нерамноправност и конфликт, рече Силјановска.