Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Македонија

by Fokus

Попладнево е регистриран силен земјотрес во Романија, кој се случил на 11 километри северозападно од градот Таргу Џиу.

Според првичните информации, потресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала, а истиот бил почувствуван и во Македонија, Бугарија, Србија и Косово.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или за причинета материјална штета низ оваа земја или околината.

Поврзани новости