49
Земјотрес со јачина од 4.8 степени по Рихтерова скала е регистриран денеска во Јадранското море. Потресот бил утрово во 10 часот и 23 минути.
Според информациите на ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 94 километри југозападно од Дубровник и на 154 километри од Подгорица, во Јадранското море.
Жителите на Дубровник велат дека почувствувале благи потреси, пренесуваат хрватските медиуми.