Земјотрес со јачина од 6,2 степени утрово во 3:36 часот ја погоди Италија, при што досега има 21 загинат. Епицентарот на земјотресот бил на 100 километри североисточно од Рим, на длабочина од 4 километри.
Најпогодено е гратчето Аматриче, чии градоначалник изјави дека пола од градот го нема.
-Патиштата за влез и излез од градот се отсечени. Пола град го нема. Има луѓе под урнатините. Има свлечишта и мостот може да падне“, изјави за РАИ радио градоначалникот Серџо Пероци. Главната улица во градот е уништена и спасителите се обидуваат да стигнат до 6 луѓе во урната зграда. Полицијата рече дека двајца загинале во селото Пескара дел Тронто, изјавил градоначалникот на Аматриче.
Во 2009, во земјотресот со јачина од 6,3 степени во регионот на Аквила, кој исто така се почувствува во Рим, загинаа над 300 луѓе.