Силен земјотрес во Грција

by irena 09:40
09:40

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот град Јанина, објави Грчкиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот бил 12 километри источно од Аја Киријаки во Јанина, додека длабочината била проценета на 7,2 километри, објави Катимерини.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени.

Слични вести