387
Силен земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтеровата скала го погди грчкиот остров Крит, соопшти Грчкиот институт за геодинамика.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на крајбрежниот град Иерапетра, односно на 60 км југоисточно од градот Ираклион. Иако потресот бил силен и се осетил во источните делови на Крит, спрема информациите на локланите медиуми, нема штети или елвентуални жртви. Половина час после главниот потрес се случиле три помали со јачина од 3,5 степени.