Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени во Јапонија

by Fokus

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска островот Рјукју на далечниот југозапад на Јапонија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јави Ројтерс. Претходно беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени.

Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.

Поврзани новости