Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

by Fokus

На пацифичкиот архипелаг Вануату денеска е регистриран земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, а издадено е и предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри од пристаништето Олри на длабочина од 27 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами на бреговите на оддалеченост од 300 километри од епицентарот.

Поврзани новости