1.4K
Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес. Според првите неофицијални информации, станува збор за земјотрес со јачина од 5.4 степени по Рихтер.
Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и во Албанија. Засега не е познато дали се причинети материјални штети низ нашата држава.