Силен земјотрес на Суматра

by fokus

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на островот Суматра.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на крајбрежниот град Паријаман, во југозападна Индонезија, соопшти американскиот Геолошки институт(USGS).

Британските медиуми пренесуваат дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11,9 километри, повикувајќи се на извештаи на USGS.

Поврзани новости