436
Силен земјотрес ги погоди островите Кермадец кои се лоцирани во јужниот дел на Пацификот.
Според информациите кои ги објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 6,6 степени по Рихтер и бил на длабочина од 183 километри.
Островите се ненаселени, а Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот немало предупредувања за цунами.