Силен земјотрес на Камчатка

by fokus

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала се случи на Камчатка, на далечниот исток на Русија.

Според регионалната канцеларија на Геофизичката служба на руската Академија на науки епицентарот на земјотресот бил во Авачкиот залив на длабочина од 100 километри.

Од руското Министерство за вонредни ситуации истакнуваат дека, според прелиминираните информации, нема жртви, ниту материјална штета. Не е објавено ниту предупредување за цунами.

Поврзани новости