Силен земјотрес на грчкиот остров Кефалонија

by Fokus

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Кефалонија, соопшти геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Според информациите, земјотресот се случил нешто пред 15.30 часот по локално време, додаваат од институтот, а пишува грчки Катимерини.

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Аргостоли, главниот град на Кефалонија, на длабочина од 15,5 километри.

Поврзани новости