427
Силен земјотрес ги погоди островите Кермадец, во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала.
Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот објави дека е помината заканата од цунами во областа.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.