Силен земјотрес ја здрма Грција, 4,8 степени по Рихтер

by Fokus

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Леонидио на Пелопонез, а земјотресот е регистриран во 6 часот и 20 минути на длабочина од 14,5 километри.

Податоците покажуваат дека земјотресот бил почувствуван и во областа Атика.

Две минути пред овој земјотрес е забележан уште еден земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути по него нов со овојпат со јачина од 2,7 степени.

Нема информации за повредени или за материјална штета.

 

Поврзани новости