462
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја потресе Србија. Според првичните информации, епицентарот бил недалеку од Краљево.
Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран кај Баљевац на Ибар. Граѓаните на Врњачка Бања велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.
Потресот го почувствувале и на горните катови. Дури и белграѓани пријавиле дека почувствувале благо тресење. Засега не се знае дали има материјална штета.