2
Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во областа Монтелцифон во провинцијата Кампобасо, на околу 20 километри од Термоли, покажуваат податоците на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Епицентарот на земјотресот, кој е регистриран околу еден час по полноќ, бил на длабочина од околу 18 километри, јавува Анса.
Во моментов нема информации за штети или повредени, наведува италијанската агенција.