Силен земјотрес ја погоди Романија, почувствуван и во Србија

by Fokus

Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а беше почувствуван и во некои делови на Србија.

Епицентарот на земјотресот бил на 16,9 километри северозападно од градот Таргу Жију, на длабочина од 15 километри.

Во текот на денот на територијата на Србија се забележани неколку помали земјотреси и тоа во Бор, Мајданпек и Пеќ, од кои најсилниот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Инаку, најсилното тектонско движење годинава во регионот – со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, исто така имаше во истиот округ на 14 февруари годинава.

Поврзани новости