Силен земјотрес ја погоди Кина

by Fokus

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот регион Ксинџијанг во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според извештајот на EMSC, земјотресот бил на длабочина од 26 километри.

Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, со длабочина од 8 километри, пренесува Ројтерс.

Поврзани новости