Силен земјотрес ја погоди Хрватска

by Fokus

Земјотрес се случи во Хрватска во 18 часот и 43 минути. Се почувствува низ цела Далмација, а силно се почувствува и во околината на Задар и во делот на Лика.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица.

Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Засега нема информации за штети или повредени.

Поврзани новости