Силен земјотрес ја погоди БиХ

by Fokus

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во 08:33 часот по локално време, на 10 километри од Жепче, односно 21 километар од Зеница.

Граѓаните во Босна и Херцеговина опишаа како изгледал земјотресот на веб-страницата ЕМСЦ.

„Се тресеше, сите излеговме надвор“, „Краток и силен удар“, „Втор кат ме разбуди од сон“, „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Поврзани новости