485
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Тајван.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Хуалиен.
За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.
Во 1999 година на Тајван регистрирани се 13 земјотреси со интензитет од шест степени и еден од 7,6 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 2.400 луѓе.