609
Силен земјотрес, со јачина од 5,1 степени според Рихтер, синоќа го погоди Кипар.
Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри западно од Пафос, во Средоземното Море, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е почувствуван и во други земји од источниот Медитеран, Турција, Израел и Египет.
Засега нема информации за евентуални жртви и штети.