478
Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на архипелагот Тонга, во Пацификот.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на 134 километри од Неифа, втор град по големина на островите.
Не е издадено предупредување за појава на цунами.
Се уште нема информации за евентуално настрадани лица и причинета материјална штета.