0
Во силниот земјотрес што го погоди Тибет загинаа 53 лица, а 62 се повредени, соопштија локалните власти.
Околу 1.500 спасувачи се ангажирани во потрага по преживеани под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.
Земјотресот бил со јачина од 6,8 степени, со епицентар на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест.
Движењето на тлото се почувствувало и во Непал, пренесува АП.