Силен земјотрес го погоди Солун, почувствуван и во Македонија

by Fokus

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер вечерва ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри јужно од Неа Мудања и на околу 60 километри југоисточно од Солун, објави порталот „emsc-csem.org“.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција информира дека потресот бил почувствуван на повеќе од 300 километри од околу 13 милиони луѓе во Грција, Македонија и Бугарија.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Поврзани новости