246
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јужен Иран, соопшти германскиот центар за геонаучни истражувања.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на 19 километри од градот Резван во провинцијата Хормозган.