Силен земјотрес го погоди Хаити

by fokus

Во страшниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според скалата на Рихтер, кој вчера го погоди Хаити, загинаа најмалку 304 лица, додека пак повредени се 1.800.

Премиерот Ариел Анри рече дека испраќа помош во областите каде што градовите се уништени, а болниците се полни со пациенти.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 125 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс, на длабочина од 10 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами издаде предупредување за цунами по земјотресот, но подоцна го укина.

Инаку, пред 11 години Хаити го погоди земјотрес од 7 степени, при што загинаа над 100 илјади лица.

 

Поврзани новости