Силен земјотрес близу грчкиот остров Закинтос

by Fokus

Земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи утрово во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос.

Земјотресот бил во длабочина од 2 километри во 10:36 по локално време, а бил почувствуван на Закинтос, како и во градот Патра кој има 168.000 жители.

Во околината во текот на вчерашниот и денешниот ден се случиле неколку помали земјотреси. Вчера на истото место се случил земјотрес со интензитет од 2,5 степени, а веднаш после силниот земјотрес, имало потрес ос 3,6 степени.

 

 

Поврзани новости