Силен ветер усмрти петмина граѓани на Полска

by fokus

Пет лица загинаа денеска во планините Татра на југот на Полска, погодени од дрвја кои биле искорнати од силен ветер со брзина до 155 километри на час.

Во градот Рабка-Здрој двајца возрасни и едно дете загинаа откако врз нив паднало дрво, соопшти локалната противпожарна служба. Една 23-годишна жена и деветгодишно момче загинаа во слични околности во Закопане, популарно планинско одморалиште на Татри.

Пожарникарите денеска одговориле на 140 пријави за паднати дрвја кои блокираат патишта и сопственици на куќи со оштетени покриви, јавија локалните медиуми.

Ветровите доаѓаат по тридневно невообичаено топло време.

На 30 март температурите достигнаа нов историски рекорд за март, достигнувајќи 26,4 степени во јужниот град Тарнов, јавија локалните медиуми.

Поврзани новости