Силен ветар и дожд во Скопје

by Fokus

Силен ветар проследен со дожд попладнево го зафати Скопје. Според УХМР, пороен дожд, грмежи и силен ветер во моментов има во северозападните делови од Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека поради невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.

Од утре и во почетокот на новата работна седмица следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

 

Поврзани новости