Силен струен удар од електричните жици над вагоните фатални за девојчето кое загина во Илинден

by fokus

Пожарот во Илинден е веќе изгаснат, најдено е опожарено тело на вагон цистерна кај железничката станица, изјави за Фокус, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.

– Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна, изјави Томевски за Фокус.

Според првичните информации од Противпожарната, но и оние на Центарот за управување со кризи, пожарот не бил подметнат како што првично беше информирано туку настанал од силен струен удар.

Починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар од електричните жици над вагоните кои биле полни со нафтени деривати.

Случајот во МВР го пријавил дежурниот во Македонски железници.

Според првичната негова пријава малолетници ја опожариле цистерната на која имало женско малолетно лице, но овие информации не се совпаѓаат со сегашните информации дека пожарот не бил подметнат, туку настанал од струен удар.

Сепак ќе се чека да заврши увидот за да се утврдат точните причини за смртта на девојчето и за настанувањето на пожарот.

Вакви инциденти на вагони стануваат се почести со оглед на тоашто тренд кај младите правењето “селфи”  или снимаат видеа за Тик ток на ризични места.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости